Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на Секторот за внатрешни работи во Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, две во Велес и две во Неготино,а во Кавадарци немало прекршители.
Како што информира портпаролот на СВР – Велес Верољуб Додевски, во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со изјава за самоизолација има дeвет нови лица, и тоа, седум во Велес и две во Неготино.
Вкупно со решение во изолација има 101 лице, од кои 75 во Велес, шест во Кавадарци и 20 во Неготино. Со изјава за самоизолација има вкупно 60 лица, од кои 43 во Велес, седум во Кавадарци и 10 во Неготино.
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.