Основното јавно обвинителство Берово поднесе предлози за издавање казнен налог за четворица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест КОВИД – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи парична казна за обвинетите лица од по 10 или 20 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.