Тимот на Баерн Минхен е близу до потпишување нов договор со sвездата Тијаго Алкантара, пренесе „Спорт Билд“.

Двете страни постигнаа договор и се очекува оваа недела вестите треба да бидат официјално објавени. Шпанецот има договор само за уште една сезона, но истиот ќе биде продолжен.

Тијаго е веќе седум години на „Алијанц Арената“, откако беше привлечен од Барселона.

Неодамна, Баерн ги продолжи договорите со Томас Милер и Алфонсо Дејвис. Баварците се надеваат дека ќе го сторат истото со капитените Мануел Ноер и Давид Алаба, чии договори се до летото 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 23:43