СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(44) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“.

На 30 април 2020 во 16.15 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга, во с.Отишани, од полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште, бил затекнат З.Н., кој управувал товарно возило „фиат“, и со својот мобилен телефон вршел неовластено снимање и фотографирање на службените лица при преземање службени дејствија, по што му бил одземен мобилниот телефон и бил приведен во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 00:35