Tри лица во Струга сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

– Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 18 и 19 април 2020 година, без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот, истакнуваат од обвинителство.

Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив од по 30 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:27