Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од обвинителство.

Предложената казна за секој од обвинетите е 100 дневни глоби, при што Јавното обвинителство предлага висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 12:08