Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози за шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Тетово.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час на 5 мај се движеле на различни локации во градот, информираат од Обвинителство.

Надлежниот обвинител на Основниот суд Тетово му предложи да изрече парични казни од по 100 дневни глоби за секој од обвинетите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 14:16