Основното јавно обвинителство во Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое на 29 март 2020 година, за време додека во сила била забраната за движење, со велосипед се движело низ градот.

-Со своите дејствија, обвинетиот го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Јавен обвинител од Обвинителството во Ресен, на судот му предложи да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во износ од по 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 15:30