Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој посочи дека на 16 јануари годинава, при преглед извршен на улица „11 Октомври“ во Кичево, полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле 14 ќесички со марихуана.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 15:31