Интер Мајами на Дејвид Бекам се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе.

Договорот на 30-годишниот Аргентинец истекува во 2023 година, но клубот е подготвен да го раскине во текот на летото поради многуте повреди.

Пасторе потпиша во летото 2018 година, а за него беа платени 24,7 милиони евра на ПСЖ, но поради здравствени причини тој пропушти 29 натпревари. Клубот од МЛС веќе започна разговори со претставници на Аргентинецот, кој е подготвен да игра во Соединетите држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 10:41