Во текот на изминатото деноноќие двајца дебрани го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз свој сограѓанин.
-Вчера во 18:45 часот на улицата „Амди Леши“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(27) и К.М.(29) врз Б.К.(33), сите од Дебар. Напаѓачите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Тој додаде дека полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19, во оваа и општина Центар Жупа, целосно се почитувале.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Во Дебар нема лица во изолација освен едно лице во самоизолација.
Инаку, во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава, веќе 24-ти ден нема новозаразени, со што вкупната бројка на заразени останува 51, од нив две лица од Центар Жупа. Од вкупниот број 47 се излекувани додека четворица починаа.