На 08.05.2020 во 13.30 час во СВР Велес, С.А.(44) од Кавадарци, вработен во ЈП Комуналец -Кавадарци пријавил дека на депонија – Мелци во Кавадарци била пронајдена неексплодирана бомба. Од увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Кавадарци било излезено на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за рачна бомба М-75, која била пронајдена од И.О.(49) од Кавадарци , вработен како чувар на депонија Мелци. Бомбата е подигната од Дирекцијата за заштита и спасување во Кавадарци.
Синоќа 22,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на магистралниот пат Битола-Прилеп кај мост на ул.„Караорман“ имало стара неескплодирана граната. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неексплодирана артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.