Седумнаесет илјади посетители за седум години постоење го посетиле Музејот на традиционална тиквешка храна во Кавадарци, попознат како Куќа на мирис и вкус.

– Одбележуваме седумгодишно постоење. Иако во време на карантин и затворен за посетители, Музејот продолжи да ги реализира активностите онлајн преку фејсбук страница и ги запознава сите љубители на музејската дејност со активностите, велат од оваа културна институција.

Оттаму потсетуваат дека Музејот беше отворен како резултат на проект од Програмата за македонско-грчка прекугранична соработка „Гастрономски патишта – Кајмакчалан”, меѓу општините Кавадарци и Едеса, финансиран од Европска Унија.

– Музејот има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители (млади, ученици од училишна и предучилишна возраст, туристички групи) и запознавање со културните вредности што овој објект ги поседува. Овде се изложени повеќе од 500 предмети и орудија и алати за обработка и производство на традиционална тиквешка храна, нагласуваат од Куќата на мирис и вкус.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2020 14:10