Вкупно 42 лица на ниво на целата држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што информира денеска МВР, евидентирани се 25 лица што ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 11:41