Еден од играчите на Вердер Бремен е во карантин веќе две недели поради пандемијата на коронавирус, пренесува официјалната веб-страница на клубот. Фудбалерот не е заразен со вирус, сите тестови досега беа негативни.

Според „Билд“, станува збор за 41-годишниот напаѓач Клаудио Пизаро. Наводно позитивен тест за коронавирус имала неговата ќерка, а целото семејство било испратено во карантин. Во исто време, во вторникот, Вердер Бремен објави дека Пизаро е надвор од акција поради повреда на мускулите.

Сезоната во Бундеслигата ќе продолжи утре (16 мај). Следниот натпревар на Вердер е на 18 мај против Баер Леверкузен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 00:23