Напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке.

Во 29-та минута од средбата, 19-годишен Норвежанец го реализира првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната, прекината поради коронавирус.

Деветнаесетгодишниот Норвежанец го изведе танцот по постигнатиот гол додека одржуваше социјална дистанца.

За Холанд ова е 10. гол на девет натпревари во Бундеслигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 21:53