Во 26. коло од Бундеслигата, Баерн вечерва во Берлин ја совлада екипата на Унион Берлин на гостински терен со 2:0. Тимот од Минхен е лидер на табелата со четири бодови предност пред Борусија Дортмунд.

На првиот неделен меч, Келн и Мајнц одиграа без победник 2:2.

Табела: Баерн 58 бода, Борусија Дортмунд 54, Борусија Менхенгладбах 52, Лајпциг 51,….

Ова беше прв викенд по пауза од повеќе од два месеца, во кој се играа натпревари од Германскиот шампионат. Поради пандемијата на коронавирус, средбите се одвиваат без гледачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 23:04