Голманот на Барселона, Нето, може да оди во Арсенал, пренесува „Сандеј експрес“.

Според изворот, Лондончаните сакаат да се стекнат со 30-годишниот Бразилец како алтернатива на Бернд Лено.

За играчот интерес пројавуваа и Атлетико, Милан, Бетис и Севиља.

Оваа сезона, Нето настапи на само четири натпревари за каталонскиот клуб на кои прими седум гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 23:06