Премиерлигашот Евертон се приклучи во борбата за играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, за кој се интересира и францускиот шампион Пари Сен-Жермен.

Двата клуба се подготвени да платат компензација од 30 милиони евра, за 23-годишниот фудбалер и член на италијанската репрезентација, објави новинарот Николо Скира. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, двата клуба се согласни на Рома да и платат две транши од по 15 милиони евра.

Оваа сезона, Пелегрини има 18 настапи за Рома, постигнато еден гол и остварено девет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 11:05