Директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино изрази незадоволство од одлуката за продолжување на Серија А на 13 јуни, суспендирана поради коронавирусот.

– Ако 13 јуни биде одобрен како датум за рестарт на Серија А, тогаш ова ќе биде апсолутно лудило за играчите и клубовите. Нашиот став е дека треба да се вратиме на теренот само кога ќе се гарантира безбедноста на играчите и персоналот, изјави Марино за „Радио Раи 1“.

Од 18 мај на тимовите во Италија им е дозволено да изведуваат групни тренинзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 15:27