Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.

Новиот договор на 26-годишниот играч ќе важи до 2025 година. Преговорите за потпишување на договорот ќе започнат веднаш штом агентот на аргентинскиот фудбалер пристигне во Торино.

Платата на Дибала, која сега е 7,5 милиони евра годишно, ќе биде зголемена, а во договорот ќе бидат наведени и бонусите.

Оваа сезона фудбалерот во Серија А одигра 24 натпревари, постигнувајќи седум гола и остварувајќи осум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 15:54