Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, денес ќе тренира со тимот. Според новинарот Ромео Агрести, Португалецот веќе пристигна во базата на Јувентус.

На 5 мај, Португалецот се врати во Торино. После тоа, тој беше во карантин 14 дена.

Претходно, продолжувањето на Серија А беше закажано за 13 јуни, но во Италија забраната за спортски настани беше продолжена до 14 јуни.

Можеби првенството ќе продолжи на 20 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2020 11:30