Владата и фудбалското раководство конечно се разбраа за медицинскиот протокол, кој треба да се следи. Ова значи дека на клубовите веќе им е дозволено да започнат со групни тренинзи. Сепак, сè уште нема дозвола или датум за обновување на првенството.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора не беше специфичен за Серија „А“. Тој рече дека наредните денови ќе бидат пресудни.

– Се надеваме дека сезоната ќе продолжи што поскоро, но ништо не е сигурно во моментот. Ако кривата на заразата продолжува да се спушта, ќе можеме да го потврдиме датумот за почеток на натпреварите во Серија „А“. Мораме да стигнеме таму постепено, движејќи се со претпазливост и одговорност како порано, рече Спадафора.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2020 00:47