На денешната седница на српската влада, како што е соопштено, усвоен е предлогот на кризниот штаб за справување со епидемијата на ковид 19, за отварање на на граничните премини и слободен влез на сите лица во Србија, без потребниот тест за коронавирус и дозволите на комисиите во српските амбасади

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тестирањето по лично барање ќе чини шест илјади динари (51 евра) на територијата на цела Република Србија, додека за студентите и малолетните лица, тестирањето ќе биде бесплатно, соопштија од владата.

Во вторниот на состанок на српскиот владин Кризен штаб беше анализирана тековната епидемиолошка состојба и прилагоденоста на мерките на тековната состојба,по што на владата и беше препорачано да почнувајќи од петок, 22 мај, за влез во Република Србија да нема да има потреба од негативен тест или посебна дозвола како за домашните, така и за странските државјани.

На сите лица што влегуваат на територијата на Република Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што сеуште циркулира вирусот, како и начините за спречување на инфекција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2020 01:55