Заминувањето на Филипе Кутињо од Барселона се чини сигурно ова лето и тој претпочита да се приклучи на Челси во Премиер лигата, пишува „Мундо Депортиво“.

Според публикацијата, „сините“ се еден од трите англиски клубови кои се заинтересирани за поранешниот плејмејкер на Ливерпул, заедно со Манчестер Јунајтед и Лестер, додека Њукасл, исто така, има „неофицијален“ интерес.

Баерн Минхен, каде Кутињо ќе игра на позајмица до крајот на сезоната, има можност да го купи бразилскиот интернационалец за 120 милиони евра на крајот на кампањата, но многу извори посочуваат дека тоа нема да се случи.

За Барселона се вели дека е подготвена да ја продаде поранешната sвезда на „црвените“ оваа година за да собере витални средства, со тоа што играчот нема интерес да се врати во Интер или да му се приклучи на Пари Сен Жермен и сака да се врати во Англија.

Бразилецот постигна 21 гол на 76 натпревари за Барселона, откако пристигна во јануари 2018 година за рекордни 160 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2020 15:59