Двајца други играчи на Ватфорд се ставени во карантин поради контакт со инфицирани од коронавирус, изјави директорот на тимот, Најџел Пирсон.

– Имаме уште двајца играчи кои се во изолација откако биле во близок контакт со две лица од нивните семејства кои се тестираа позитивно за коронавирусот. Самите играчи се негативни и се чувствуваат добро, изјави Пирсон за „Гардијан“.

Двајцата играчи, чии имиња не се објавени, им се придружија на дефанзивецот Адријан Маријапа и двајцата вработени во клубот, кои исто така се во карантин оваа недела заради позитивните тестови за Ковид-19.

– Овие случаи ги покажуваат компликациите со кои се соочуваме. Во петокот наутро, сите бевме тестирани за коронавирус и ги чекаме резултатите, рече Пирсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2020 23:55