Фудбалер на еден клуб од Премиер лигата е обвинет за групно силување за време на карантинска забава, пренесе „Дејли Стар“.

Жртвата, која остана анонимна од правни причини, се разбудила покрај фудбалерот во кревет и тврди дека тие ставиле дрога во нејзиниот пијалок за време на забавата.

Таа стравува дека е силувана од неколку пријатели на фудбалерот, вклучувајќи го и него, во изнајмениот стан.

Полицијата не сакала да ги коментира овие обвинувања, ниту дали разговарале со фудбалерот чиј идентитет засега е непознат.

Девојката се сеќава дека испила два пијалаци, а нејзините пријатели велат дека таа се однесувала многу чудно. Таа се разбудила следното утро со гребаници на нозете и со играчот без облека во кревет до неа.

Кога го прашала што се случило, тој и рекол дека имале секс ноќта претходно, но нејзините пријатели тврдат дека таа едвај можела да стои и дека сигурно не би можела свесно да се согласи на вакво нешто.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2020 15:27