Покрај Германската бундес лига во Европа се започнаа уште неколку фудбалски првенства а едно од нив беше и националното фудбалско првенство во Унгарија.

Во дерби натпреварот од „првото“ коло по коронавирусот лидерот на табелата стигна до три бода во натпреварот против Дебрецен иако на полувремето губеше со 0:1.

Сепак она што остави најголем впечаток е организацијата на натпреварот на кој поголем дел од времето се чинеше дека тој навистина се игра пред публика.

Играчите беа бодрени од силуети на навивачи поставени на скоро сите седишта на стадионот а конференсието на натпреварот беше задолжен за „подгревање“ на атмосферата додека траеше натпреварот но и за достојна прослава при прославување на гол.

„Портретите на навивачите на трибините, како и поддршката од страна на навивачите од звучниците ни даде голем мотив да стигнеме до нова победа“ гласеше клупската порака на Ференцварош.

Унгарците ги надминаа Германците: Покрај силуети на натпреварите имаше и аплауз, навивање и прослава на голови

Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2020 01:42