Серија А изработи план за продолжување на сезоната, прекината поради коронавирусот, објавија италијанските медиуми.

Според „Ла Газета дело Спорт“ идејата е да се одржат одложените натпревари од 25. коло на 13 јуни, за сите екипи да имаат 26 натпревари во првенството.

После тоа, на 20 јуни ќе започне 27-та рунда во Серија А. Овој предлог ќе биде дискутиран во четврток на средба со италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора.

Така, на 13 јуни може да се одржат следните дуели: Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло, Торино – Парма и Верона – Каљари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2020 23:33