Пари Сен-Жермен објави дека е откупен договорот на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди кој стана играч на францускиот шампион. Договорот важи до 30 јуни 2024 година.

Според „Скај Италија“, парискиот клуб ќе плати 50 милиони евра за 27-годишниот Аргентинец, кој беше во Париз на позајмица оваа сезона.

Миланезите можат да добијат и бонуси од седум милиони евра.

Икарди има 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сезоната 2019/20.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2020 15:16