На тинејџерска возраст најчесто се несовесните поединци кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци. Вака денеска одговори на прашање на МИА кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по состанок на Кризниот штаб.

Апелираше максимално да се почитуваат превентивните мерки заради нивна заштита, но и заради заштита на нивните повозрасни блиски. Потсетувањето за почитување на мерките, како што кажа, важи и за сите други граѓани.

-Штабот усвои протокол за интерна комуникација меѓу членовите, како и за давање интервју за актуелните состојби со вирусот. Се повикува на почитување на превентивните мерки за заштита и да се изготви спот со укажување на мерките за заштита, информираше Јанчев за заклучоците од состанокот, на прес-конференција.

Тој потсети дека сега едно лице во општината е позитивно на вирусот, асимптоматски случај, на возраст од 65 години. Повика на почитување на мерките и најави дека продолжува дезинфекцијата и аеродезинфекцијата во општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2020 02:15