Поранешниот советник во кабинетот на министерот за финансии додека со него раководеше Драган Тевдовски, Браними Јовановиќ на својот фејсбук профил вели дека Кочо Анѓушев како член на Советот за фискални мерки на министерката Ангеловска, ја советува колку пари треба да добијат фирмите како помош од државата.
- Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид-19, советодавно тело на министерката за финансии.
Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.
Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.
Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде, реагира на својот фејсбук профил поранешниот советник во кабинетот на министерот за финансии, Бранимир Јовановиќ.