Во април годинава, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите изнесува 741, со остварени 4690 ноќевањата. Април е месец во кој веќе беше почната корона-кризата, и според објавените податоци е забележан пад на странските туристи од 99,7 отсто.

Според објавените податоци, бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99,1 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2 отсто.

Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97,7 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 99,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8 отсто.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43 отсто, а кај странските има намалување за 50,3 отсто. Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41,6 отсто, а кај странските има намалување за 50,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 15:05