Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, денеска ОВР Кичево реализираше превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, информираа портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека во рамките на превентивните мерки, претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Црвениот крст, на граѓаните им поделија заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.

-На овој начин, полициските службеници покажаа грижа за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид-19, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2020 00:29