Во општина Росоман до овој момент нема новодијагностицирани со коронавирусот, потсетија денеска од локалната самоуправа.

– Но, со оглед на зголеменото движење на населението по различни основи, препорачуваме почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Носење заштитна маска, држење растојание, одржување хигиена, велат оттаму.

Почитувањето на овие мерки, нагласуваат, е клучот во борбата против коронавирусот.

– Да бидеме одговорни, да не се групираме, потсетуваат од Општината, која е најголем производител на праски во државата и во која веќе започнаа бербата и откупот на праски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 12:37