Во дворот на Гимназија „Кочо Рацин“ деветтооделенците од Велес преку стенд ап комедија и музика, годинава првпат наместо штандови се запознаа со предметите кои се изучуваат во гимназијата. Од септември како новина ќе има и една билингвална македонско-англиска паралелка каде дел од предметите ќе се изучуваат на англиски јазик. Според директорот Илија Попов, овој Отворен ден на гимназијата е поразличен од сите други кои се организирале изминатите години со цел да се привлече поголемо внимание на деветтооделенците и преку забавен карактер да ги претстават активностите на училиштето.

Во забавниот дел настапи оркестар и пејачи - ученички од гимназијата, а во културниот дел актери од велешкиот театар и поранешни гимназијалци кои изнудија голем аплауз и насмевки од присутните деветооделенци и професорите.

На Отворениот дел се претставија и некои од факултетите во земјава,а кои делеа флаери на матурантите.

-Се дружиме заедно со нашите следни ученици и многу сме горди што годинава го променивме концептот на отворениот ден. Наместо штандови, одлучивме да има повеќе музика и преку примери на наши сегашни и поранешни ученици да го претставиме училиштето пред нашите идни средношколци. Нешто со што можеме да се пофалиме од оваа година е тоа што за прв пат отвараме и билингвална паралелка, кадешто учениците дел од предметите ќе ги изучуваат на англиски јазик. Веќе имаме голем интерес и очекуваме таа паралелка да биде нешто што ќе не прави дополнително горди, но не смееме да ги изоставиме и другите паралелки, старата традиција којашто ја негуваме во нашата најстара гимназија, потенцира Попов.

Тој потсети дека велешката Гимназија „Кочо Рацин“ отворена во далечната 1857 година која е најстара гимназија во земјава и на Балканот има трајни вредности кои ги нема во ниту едно друго училиште во земјава.

- Во нашата гимназија учениците за секој предмет којшто ќе го изучуваат следните средношколци нуди квалитет, бидејќи кадарот на професори коишто предаваат во училиштето се причина што се издвојуваат од останатите училишта, потенцира Попов.

Информира дека во изминатата 2023 година ја реновирале спортската сала, гардеробите, направивиле надворешни спортски терени, се обезбедиле интерактивни табли скоро за секоја училница, нагледни средства за секој предмет, нешто со што дополнително вложиле во наставата и сметаат дека ќе придонесе за повеќе квалитетот на образованието.

-Гимназијата е она место каде што може да се понуди успех и ништо повеќе, тоа е и нашето мото по што се водиме и верувам дека и во иднина ќе останеме бренд, бидејќи велешката гимназија со генерации брендот на Велес и на државата. Ќе останеме и понатаму да го следиме аманетот на нашите предци и достојно тоа ќе го правиме, истакна Попов



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2024 22:17