Со цел поддршка на рекреативниот спорт и здравите животни навики Општина Дебрца ќе доделува поединечна субвенција на физички лица за купен велосипед во тековната година.

Акцијата насловена „Живеј здраво – вози велосипед" ќе се реализира на начин што секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари.

Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, што дополнително ќе биде објавен.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 12:40