Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2020/2021, во трите средни општински училишта,колку што функционират во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, можност за упис имаат 544 завршени основци.

-Во нашата установа можност за упис во прва година имаат 340 ученици, во десет паралелеки, од кои четири со настава на македонски и шест на албански наставен јазик. Од нив девет се гимназиска насока, и една паралелека градежно-геодетска, со настава на албански наставен јазик, изјави за , Рамадан Имери, директор на СОУ„28 ноември“ во Дебар.

Според него, од паралелките со настава на македонски наставен јазик, три се во Дебар и една паралелка во село Могорче, во кои вкупно може да се запишат 136 ученици. На албански наставен јазик 170 се за гимназиска и 34 ученици градежно геодетска насока.

Во изминатите години за паралелката со градежно геодетската насока не се пријавил ниту еден ученик, но додава Имери, доколку оваа година има заинтересирани ученици ќе може да се отвори, бидејќи располаат и со просторни услови но и со професорски кадар.

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, според директорот Сабри Асан, квотата за упис во прва година е 102 ученика. Од вкупниот број, 34 ученици или една паралелка со настава на македонски и 68 ученици или две паралелки со настава на турски наставен јазик.

-Во СОУ„ Маврово Ростуше“ во Ростуше, седиштето на општина Маврово Ростуше, во прва година право на упис, според Конкурсот, имаат 102 завршени основци, во три паралелки, сите на мајчин македонски јазик, изјави Исмет Абдули, директор на ова образовна установа.

Во трите училишта,како што велат директорите, уписот ќе се врши според протоколот утврден од МОН, условено од пандемијата со Ковис-19, со запазување на физичка дистанца и носење заштитна маска и ракавици. Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања, утре и задутре, потоа на 24 и 25 и на 29 јуни, од 7:00 до 19:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 14:03