Легендарниот Горан Иванишевиќ, кој во моментов е тренер на светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ, направи интересна споредба помеѓу српската тениска суперsвезда и најуспешниот фудбалски клуб во светот – шпанскиот гигант Реал Мадрид.
– Тоа е како да сум фудбалски тренер и ми се јавува Реал Мадрид, вели 48-годишниот Хрват, цитиран од „Тенис Ворлд“, потсетувајќи се на почетокот на неговата соработка со Ноле.
Иванишевиќ му се придружи на тренерскиот штаб на Ѓоковиќ на крајот на јуни 2019 година и му помогна на Србинот да ги освои последните 2 од неговите 17 Гренд слем титули (на Вимблдон 2019 и Австралија опен 2020).
Во својата кариера како тенисер, Иванишевиќ има освоено 22 титули и достигна до бр.2 на светскиот ранг. Тој загуби три финалиња на Вимблдон пред триумфот на „светата трева“ во Лондон во 2001 година, со што стана првиот и единствен играч кој освоил Гренд-слем турнир со „вајлд-карта“.