Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека на апликацијата МојДДВ е поставена опцијата за откажување донација.

-Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата треба да ја симнат новата верзија на апликацијата Мој ДДВ. Полето „Откажи Донација“ се појавува само кај оние корисници на апликацијата „МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јануари – март 2020 за справување со COVID-19, наведува УЈП.

Според Управата, оваа опција ќе биде достапна на апликацијата „МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2020 14:40