Сојузот на стопански комори (ССК) и Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) денеска ќе потпишат договор со кој МАТВП ќе пристапи кон ССК.

Договорот ќе го потпишат претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Владимир Граматиков и претседателот на МАТВП, Димитар Кавраков.

На прес-конференцијата, по потпишувањето, ќе бидат изнесени и предлозите до надлежните институции за поддршка на туристичките водичи.

-Туристичките водичи и придружници веќе три месец не ја остваруваат својата дејност, а не се опфатени во пакетот економски мерки за поддршка на стопанството. За таа цел ќе бидат изнесени предлозите кои се официјално доставени и до надлежните институции за нивна поддршка на краток рок согласно моменталните услови во кои се наоѓаат како резултат на здравствено-економскaта криза, наведува ССК.

Според Сојузот, решавање на бројните предизвици во оваа дејност на долг рок, преку зајакнување на дијалогот со релевантните институции ќе придонесе за воспоставување ред во оваа значајна дејност за државата, како и елиминирање на нелојалната конкуренција која прави штети и врз националниот буџет.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 10:28