Одлуката на Владата на Република Македонија која останува на сила и според која “Во Република Македонија е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен PCR тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена„ е непотребен товар и дополнителна пречка за слободното движење затоа апелираме истиот да се отстрани и да остане само обврската за поседување на валиден негативен PCR тест.

Имајќи во предвид дека дијаспората е од клучно значење за економијата на државата, особено во овој тежок економски временски период, условот за самоизолација претставува главна пречка за дијаспората да одлучи дали да ја посети земјата оваа година, и затоа ние како СКСЗМ бараме овој услов да се промени најкасно до 01.07.2020. Истовремено бараме брза одлука од Владата со која ќе се отстрани оваа обврска и за истата, ИТНО да се информира дијаспората преку Дипломатско Конзуларните Претставништва.

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 15:44