Податоците на Нардоната банка укажуваат на раст и на депозитите и на кредитирањето. Годишната стапка, како што наведуваат во соопштение изнесува 7,8 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Кредитирањето на корпоративниот сектор пак, бележи раст од 3,3 отсто.

Според објавените податоци на Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа.

– Годишната стапка на раст изнесува 7,8 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,9 проценти се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти соодветно.

Во однос на кредитите, на годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 3,3 отсто, а вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,6 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 15:18