Надежите дека спортските натпреварувања во Соединетите американски држави наскоро ќе продолжат, претрпеа удар во петокот, откако голем број спортисти се тестираа позитивно за коронавирусот, што доведе до затворање на некои спортски објекти.

Во последните 24 часа, Фудбалската лига (МЛС), Националната фудбалска лига (НФЛ), Националната хокеј лига (НХЛ) и Бејзбол лигата (МЛБ) забележаа случаи на коронавирус.

Голферската ПГА турнеја, што започна минатата недела по тримесечен прекин, исто така го потврди својот прв позитивен тест. Американецот Ник Ватни е позитивен за коронавирусот.

МЛС и НБА посветија посебно внимание на неодамнешните случувања, бидејќи се случија многу позитивни тестови на Флорида каде и двете лиги ги објавија плановите за рестартирање на сезоната во Волт Дизни Светот. Флорида е една од ретките држави на САД кои неодамна забележаа зголемување на бројот на случаи на КОВИД-19.

МЛС е предвидено да се врати на 8 јули на турнир во стилот на Светскиот куп на кој учествуваат сите 26 клуба, додека НБА лигата треба да продолжи кон крајот на јули, а сезоната би завршила на 12 октомври, во случај сите седум натпревари да се играат во финалето.

МЛС не откри дали скокот на нови случаи на Флорида ќе предизвика преразгледување на плановите за рестартирање, исто како што „безбедноста и здравјето на играчите и вработените е врвен приоритет“.

Во четвртокот, еден од водечките службеници на САД за здравство, Др. Ентони Фаучи го доведе во прашање почетокот на сезоната во НФЛ.

Клубот од МЛБ, Филаделфија Филис, го затвори Центарот Клејвотер во Флорида, откако петмина играчи беа позитивни, Торонто Блу ​​Џејс го затвори тренинг центарот заради позитивни наоди, додека екипата на НХЛ, Тампа ја затвори арената, откако тројца играчи тестираа позитивно за коронавирус.

Раководството на НХЛ во петокот објави дека од 8 јуни, кога на клубовите им било дозволено да тренираат, повеќе од 200 играчи поминале повеќе тестови, а 11 од нив биле позитивни.

„Сите играчи кои беа позитивни се во самоизолација“, објави НХЛ.

Дури и УФЦ, кој беше еден од првите спортови кои продолжија со операциите кога организираа борби во Џексонвил, Флорида, на 9 мај, рече дека треба да размисли за прекин на натпреварувањата откако се зголемени бројот на новозаразени.

– Верувам дека ќе се случи второ затворање, рече претседателот на натпреварувањето Дејна Вајт



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 13:57