Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на вториот гол во денешната победа од 3:1 на Леванте на гостувањето во Барселона против Еспањол.

Барди погоди во 67. минута за во тој момент водство на Леванте со 2:1.

Леванте по овој дуел кој беше во рамките на 30.коло од Ла Лига се наоѓа на 11.место со 38 бода, додека Еспањол остана на последното (20. место) со 24 бода.

Денешниот погодок беше вкупно 15. за Македонецот во елитното шпанско фудбалско друштво, со што тој се израмни со Аруна Коне. Успехот е уште поголем ако се знае дека Барди е фудбалер за врска, а се наоѓа во елитно друштво на голгетери, зад Моралес (34), Марти (28), Балар (18) и Рига Мустафа (17).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:34