Водечките две екипи во германската Бундеслига забележаа победи во претпоследното, 33. коло.

Резултати:

Баерн Минхен – Фрајбург 3:1 Фортуна Дизелдорф – Аугзбург 1:1 Келн – Ајнтрахт Франкфурт 1:1 Херта – Баер Леверкузен 2:0 Хофенхајм – Унион Берлин 4:0 Мајнц – Вердер Бремен 3:1 Падерборн – Борусија Менхенгладбах 1:3 Лајпциг – Борусија Дортмунд 0:2 Шалке – Волвзбург 1:4.

Баерн Минхен од неодамна ја обезбеди шампионската титула и е лидер со 79 бода, Борусија Дортмунд е втора со 69 и обезбедено директно учество во Лигата на шампионите, Лајпциг е трет со 63, Борусија Менхенгладбах има 62, Баер Леверкузен 60,…

Бундеслигата ја напушта Падерборн, а Вердер и Фортуна Дизелдорф ќе се обидат во последното коло да го избегнат 17. место кое исто така значи испаѓање од елитата. Фортуна има 30 бода, Вердер 28, Падерборн 20.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:36