Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома се приклучи во борбата за дефанзивецот на Тотенхем, Јан Фертонген, пренесува „Ил Месаџеро“.

„Римската волчица“ сака да се засили со белгискиот играч како слободен агент и веќе започнале преговори со него. Раководството на Рома му понуди на фудбалерот двегодишен договор.

Фертонген е член на Тотенхем од 2012 година, каде се пресели од Ајакс.

Оваа сезона, 33-годишниот дефанзивец одигра 26 натпревари за Спарси, постигнувајќи два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 01:00