Во населеното место Вељуса во тек е изградбата на на канализациски систем во должина од 7,5 километри. По населените места Дабиле и Просениково, ова е трет канализациски систем којшто се изведува во овој период во нашата општина.

-Инвестицијата е поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со 16 милиони и 500 илјади денари, а учествуваме и ние со проект и друга поддршка која е неопходна за реализација на ваков тип на проекти, додаде градоначалникот Јаневски.

Изградбата треба да заврши до крајот на годината, а канализациски системи ќе добијат и населените места Банско, Градско Балдовци и Баница.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 13:22