Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за можно излевање на реките на по две локации кај селата Бељаковце и Јачинце, Клечовце, во атар на село Пелинце на две локации, едната во близина на меморијалниот центар АСНОМ, Коинце, Стрновац, Војник, кај Пчиња, Опае, Брзак, Агино Село и Табановце.

Во Општина Ранковце пак како критични се точките кај Опила и Псача.

- Засега нема пријави за излевање на реките во општина Старо Нагоричане, изјави заменик-градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

Вчера во Куманово наврнаа 31 литар на метар квадратен



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 14:05