Операторот за платена телевизија во САД, „Скај“ додаде предупредувања за „застарени содржини“ кон неколку филмови, меѓу кои и анимациите „Дамбо“ и „Книга за џунглата”.

Имено, при барање на овие класици на „Дизни”, сега прво се појавува предупредувачки натпис: „Овој филм содржи застарени видувања, говор и културни стереотипи и пресликувања коишто денес може да се сфатат како навредливи“.

Вкупно 16 филма од платформата на „Скај синема“ веќе го имаат тоа предупредување за гледачите. Меѓу нив е и една друга детската класика – „The Goonies“ (Ѓаволчиња), од 1985 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 14:11